Првото судско рочиште за еден од најмонструозните здравствени скандали во Македонија, случајот со малверзации на Клиниката за онкологија, денеска заврши со одложување. Обвинетата докторка Мери Пешевска, вработена на Одделот за дојка, не се појави во судница, бидејки наводно има влошена здравствена состојба, односно стомачен вирус и зголемена температура.
Адвокатот Јовица Страшевски, Пешевска соопшти дека има стомачен вирус и температура. Со усно известување дека е болна и барање за одлагање.
Адвокатите на другиот обвинет, поранешниот директор Нино Васев, истовремено се обидоа да го дискредитираат клучното вештачење од страна на словенечката експертка Маја Равни, тврдејќи дека таа нема лиценца. Обвинителството кусо одговори: таков доказ не е приложен, а тврдењето не е точно.
Одбраната на Васев бара и пристап до сите медицински истори на пациентите кои ги лекувал. Адвокатот на Пешевска бара целосна документација за неа.
Следното рочиште е закажано за 5 септември. Дали и тогаш некој ќе има „температура“, или конечно ќе се почне со разоткривање на вистината, останува да видиме.