Македонија Влада

Оддаваме почит на сите невини жртви на геноцидот во Сребреница

Да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат, се наведува во соопштенето од Влада.

Оддаваме почит на сите невини жртви на геноцидот во Сребреница

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност.

Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се присетуваме и на сите други народи кои во различни времиња биле погодени од страдања, прогони и неправди- меѓу кои и македонскиот народ, кој во 20 век ги почувствува последиците од политичко насилство и егзодус.

Да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат, се наведува во соопштенето од Влада.

Најнови вести од Македонија

To top