Македонија МЛД

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

Најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка на СЗО за Македонија д-р Ане Јохансоен, соопштија организаторите.

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“.

На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија д-р Ане Јохансоен.

Реферат по повод Светскиот ден на здравјетото „Мое здравје мое право“ ќе прочита проф-д-р Катерина Ставриќ од Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје.

На свеченоста ќе бидат доделени и награди и признанија на Македонското лекарско друштво.

To top