По повод Денот на наставата на турски јазик, Министерството за односи меѓу заедниците организира настан на кој ќе присуствуваат учениците од OOУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, заедно со подрачните училишта од селата Прналија и Радање.
На настанот што ќе се одржи во просториите на Министерството за односи меѓу заедниците, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски.