Македонија министерство за социјална политика, демографија и млади

Одбележан Меѓународниот ден на мултиплекс склероза со марш за поддршка и подигнување на свеста

Продолжуваме со посветена работа и конкретни чекори за инклузивна и праведна иднина, објави Велковски.

Одбележан Меѓународниот ден на мултиплекс склероза со марш за поддршка и подигнување на свеста

Денес, заедно со здружението „Мобилност Скопје“ и Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, одбележавме значаен ден со марш во чест на лицата со мултиплекс склероза (МС), параплегија и дистрофија, објави заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Тој истакна дека целта е јасна, подигнување на јавната свест, зајакнување на борбата за еднакви права и создавање инклузивна заедница за сите

Претставниците на „Мобилност“ ги искажаа своите приоритети од областа на социјалната и здравствената заштита.

Министерот Велковски нагласи дека енергијата треба да се насочи кон директна поддршка и решавање на долгогодишните предизвици. Само така можеме да овозможиме полесен и попристапен начин на живеење за сите наши сограѓани.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни чекори за инклузивна и праведна иднина, објави Велковски.

To top