Бетовеновата „Ода на радоста“ е симбол на Европската Унија. Сакал тоа Лудвиг или не. Најновата „Ода на ЗЛОРАДОСТА“ пак, стана нов македонски симбол на злорадата и сеирџиска злоупотреба на бирократскиот кикс и менталитетска утка на Марта Кос. Таа си тресна зелена, тоа си е факт, кикс зачинет во наратив толку сличен на Урсула Фон Дер Лајен која, со сиот ум, за време на крајно патетичното убедување да го прифатиме забеганиот Француски/бугарски предлог ни читаше од „Пиреј“ на Петре М Андреевски, навредувајќи ја силно интелигенцијата на македонскиот народ. Тешка, геостратешка грешка, би рекол ајвароносецот Муртинхаузен.
Со таа разлика што тогаш, ајваните и душегрижници кои сега се истопорија да ни го бранат „идентитетот“, ги немаше никаде. Ни под разно. Оти беа вдомени, ко бубрежиња во лој. Молчеа како залиени, а си беа, со поплава од внимание и парички. Со усти затворени од азното од УСАИД, на Сорос, на владините проекти/вработувања/советувања на Заевци и Тачевци, како и други амбасади и сијасет грчки злонамерни фондови.
Арно ама, сега тие истите тие новинарско-аналитичарски креатури и орди така апансас се разбудија и се сетија дека некој не’ понижил? Ашколсум, ќерата.
Туку, што се случи во меѓувреме за да се разбудите од тој зимски подлизурковски, коленичарски, безрбетен и антимакедонски сон, чеда опортунистички? Добивте ли наплив на македонштина? Ви ја санираа кичмата ли? Се сетивте ли, конечно, дека сте Македонци? Си ја засакавте ли државата? Ви се разбуди конечно, чувството на срам ли? Сфативте дека некој нон-стоп си игра шенгеле со нас како народ и држава ли? Или ви се испразнија џебовите па сега барате нов спонзор? Поверојатно, последното. Најверојатно, добро искомбинирано со сеирџиското во вас и желбата да удрите по новата Влада и да и учините остапница на СДС болумнетата во распад. Оти, ВМРО е „криво“ за се’, па и за Марта, нели?
А МАРТА во ЈУЛИ, не оди нели? Исто ко вас. Анахрони сте, со несоодветен тајминг, чин кој е утнат од оние кои го притискаат копчето за да го активираат вашето лаење и завивање, таксират северџански, промашување до промашување, та чуму би погодиле нешто и некогаш, нели?
Виновни се што токму тогаш кога ќутевте пред Урсула во Собрание, тие пустите носеа маички со НЕ! и како и десетиците илјади на улица викаа НЕМОЈТЕ да го прифаќате пробугарскиот Француски предлог, виновни се што Бујар клечеше пред Пендиков, Стево пред Бојко, а Таче пред Петков. Најкриви што Заев потпиша дузина антимакедонски договори, овој со Бугарија само еден месец по насилното преземање на власта, а прогрчкиот/Преспански без почит кон референдумскиот глас на народот. Народот ви е крив за арамиите од СДС, за апашите од ДУИ и за трагедиите со Модуларната, за Беса транс, за Ласкарци, секако и за Онкологија. Криви се и што Венко земал рушвет од 130.000 евра во џипиште, што нема мега-хациенда на Нерези, исто како и 550.000 долари вредна златна виза. Христијан ви е крив што немавме вакцини во короната додека Црпко Први и Црпко Втори (Венко) преавеа рушвет-бизнис со Кинезите и што луѓе гинеа ко муви, та кој друг и би бил. За се’ се криви тие и народот, па чуму не и за Марта која кога се прави обид за исправање на идиотизмите на Заевци, таа одработува за нив и со тра-ла-ла гастрономски прикаски не’ убедува да го прифатиме она што ќелешите до СДС/ДУИ бандата така глупандерски го укакаа и прифатија, наочиглед идиотизмот на истото. Ова се вашите „врели костени“, огавни реликти од „владеењето“ на октроираниот башибозук на струмичкиот паша и ајвароносец.
Алооо, глас не ви се чу името вековно кога ни го менуваа, кога она копитото муртинско брусеше шахти со сонцето од Кутлеш фаќавте сеир, кога го вадеа АСНОМ од Прембулата, кога прифаќавте „оберучке“ двојазичност, ко онакви под кошула се криевте кога Кацарска и Вилма затвораа браќа патриоти, ве немаше никаде кога домаќинката Катица со просек 6.01 изигруваше Чарлиев ангел од 150кг, кога Рашко крадеше ко улав, Димова тренираше магариња, Мухи празнеше пошти, Ден броеше милиони, Артан изиграваше Брус Олмајти, кога принцови црногорски шетаа по влада, кога утињаа знамиња, овенчано со кој ли не резил и национален срам и понижување кое ни го приредивте. „Војна и мир“ е мал формат за глупоштите што ги премолчевте, бессовесно лапкајќи си од колачот северџански, со полни мешиња и џепчиња, со смкнати ѓаќи и одобрувачки молк…
И сега, кога некој се обидува да го расчисти укашканото од најнеспособната ќелепур-банда во историјата на светското владеење, бандитите ќе продолжат да фаќаат сеир и да ликуваат што некој не понижува со идентитетски паралели. Парлалели кои немаше ни да ги има, да не беа хохштаплерите од Бихаќа побратимени со малореканските качаци на Алија.
Абе, цепки сте, така виснати и разгоропадени со злорадоста на вашите заевобојазливи фацулиња, сеирџии пер-екселанс, правејќи си хихи-хахиња, потсмевајќи се со Македонија до утре сабајле. Северџански горопадници, арамосани со тони оикофобија, ликови кои цела историја го потценуваат и се потсмеваат со своето и го величаат и обожуваат туѓото. Кафените сахиби од Бихаќка, индолентни арамолепци и патетични сеирџии, така инфантилно цел живот залепени и на една те иста антитатковинска цицка израснати…
Туку, не ви личи да правите сеир со оние за кои до вчера не убедувавте дека ќе ни донесат „бесплатно здравство“ и ќе ја олеснеле, замисли само, трансплантацијата на органи, веројатно затоа што толку многу сакате да имате германски систем за варење и матадорски кохонеси, a башка и онака не го чувствувате за свое македонското ви срце. Оти, некои прашања не заслужувале одговор, нели? Се потсмевате со вашите ЕУ идоли, ауууу? Не ви стои да ги кудите ни Британците за кредитот, ама го правите тоа. Плукавте и по Америте кога Трамп го укина УСАИД, кенкавте за многу работи. Следно, ќе распалите по Германците, Холанѓаните, по Французите ли?
Што се случува? Зошто забегавте, толку „прозападно“ до вчера ориентирани чеда лукративни? Што ви бидна, бре?
Не вам, нешто друго се случи. Мразам да го кажам она „ви реков“, но ова, за ваша жал, е она за кое што пишував во веќе далечната 2018-та, во колумната насловена „Кога волците ќе стивнат“, не јагнињата.
А ВОЛЦИТЕ (поддржувачите на Заевци), стивнаа, природно, оти светот се менува, рапидно, се менуват интереси, геополитика, а некој во Македонија го фати и „возот“. За промена. Панта реи, чеда што бегале од часови. На страна и македонската „кој на друг гроб му копа…“ Та сега, оние недоквакани суртуци кои мислеа дека работите се вечни и дека се’ што лета се јаде, сега безволно и во уплав чекаат некој да им затропа на врата, со комбе зад нив. Не жолто, туку сино-бело. Другите, оние што не го дочекаа „повикот“, веќе се на гурбет во странство, со златни визи ли, други закитени со потерници.
Аирлија!
П.С.
Туку, не можам да ја избегнам сликата која сама по себе си доаѓа. Ви текнува како Христијан и одговори на Марта за пинџурите? Ви текнува, секако…
Е, сега, за да ја сфатиме подобро и најпластично разликата од денес и тогаш, само помислете на сликата како Зоран Црпко или Димитар Таче ќе и’ одговореа на Кос на идиотската паралела со тавче-гравче/пинџур муабетот? Ви текнува, дефинитивно.
Толку.