Во петок вечер, во текот на ноќта и в сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места снег, а на пониските дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми, соопшти УХМР.
Во недела и во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени.