Македонија

Од МВР за КУРИР: Во координација со ЈО се преземаат мерки за националистичките скандирања на натпреварот Шкендија – Карабах

Скандирања за Илирида, Голема Албанија…,повеќепати синоќа одекнуваа на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот Шкендија – Карабах, МВР во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот.

И покрај сите апели и предупредувања за фер и спортско навивање без националистички испади, навивачите на Шкендија тоа не го испочитуваа на вчерашниот натпревар.

Од СВР Скопје за Курир информираат дека врз основа на снимениот и докумнетиран материјал презема мерки во координација со јавен обвинител.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Инаку вчерашниот натпревар заврши со пораз за Шкендија од 1:0 од Карабах. Единствениот гол првакот на Азербајџан го постигна од пенал во 18.минута.

Реванш натпреварот се игра на 12.август во Баку.

Најнови вести од Македонија

To top