Македонија летови

Од 27 октомври „Визер“ ќе скрати девет полетувања од Скопје

Со зимскиот ред на летање кој стартува од 27 октомври, унгарскиот авиопревозник „Визер“ планира да редуцира девет од линиите од Скопје, но на одделни дестинации ќе го зголеми бројот на неделни полети од Скопскиот аеродром.

Причина за ваквата постапка на авиокомпанијата, како што пишува порталот Ex-Yu aviation news е проблемот со флотата и инспекцијата која се врши на сите авиони поради проблеми со моторите. Досега „Визер“ има приземјено 40 авиони.

Според новиот план на летање, неделните летови од Скопје до Шарлeроа и Ајндховен се намалуваат од пет на четири, за Берлин од пет на три, за Келн, Милано и за Хамбург од четири на три, за Хан и за Болоња од три на два и за Малта од првично планираните четири неделни ротации на три неделни.

Претходно, авиокомпанијата ја прекина продажбата на билети за зимата 2023/2024 на услугите од главниот град на Македонија до Бремен, Копенхаген и Стокхолм Скавста. Од друга страна, услугите кон Нирнберг ќе се зголемат од две на три неделно, за Малме од три на пет неделно, а за Лондон Лутон ќе порасне од три на четири неделни летови.

„Визер“ претходно најави дека планира да се врати на растот на своите фреквенции и мрежа надвор од своите бази во Скопје од летото 2025 година, и покрај проблемите со моторот, кои се очекува да ги има авиокомпанијата уште две години.

Од Скопскиот аеродром информираат дека од втори јуни, па се до крајот на октомври, авиокомпанијата „АЏет“ ќе лета секој ден од Скопје до Анталија.

Најнови вести од Македонија

To top