Македонија истрагата продолжува

Обвинителство: Тројца онколози свесно и вон препораки препишувале одредена терапија, им помагале на осомничените директори

Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува истрагата во предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија и повторно апелира до сите пациенти да се јавуваат во Јавното обвинителство и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци, бидејќи нивните сознанија ќе бидат исклучително важни и во натамошниот тек на постапката.

Обвинителство: Тројца онколози свесно и вон препораки препишувале одредена терапија, им помагале на осомничените директори

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 5 лица, од кои две службени лица – поранешен медицински директор на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје и поранешен организациски директор на Клиниката, како и тројца доктори – онколози.

Двајцата директори како соизвршители се осомничени за кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, а докторите за помагање при извршување на истото кривично дело. Медицинскиот директор е осомничен и за Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените директори. Мерките опфаќаат – забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа, а за медицинскиот директор и оддалечување од работното место на Клиниката.

-Во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека осомничените директори на Клиниката со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со намера за друг да прибават противправна имотна корист го довеле во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата на пари за набавка на лекови кои ги трошеле и нарачувале спротивно на законските и подзаконските прописи, без формиран стручен колегиум и без соодветни медицински протоколи. Во ова со умисла биле помогнати од тројцата други осомничени доктори кои одредена терапија пропишувале вон препораките и свесно избегнувајќи ги параметрите кои ја опишуваат состојбата на пациентот во однос на болеста, информираат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува истрагата во предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија и повторно апелира до сите пациенти да се јавуваат во Јавното обвинителство и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци, бидејќи нивните сознанија ќе бидат исклучително важни и во натамошниот тек на постапката.

Најнови вести од Македонија

To top