Македонија Љупчо незаконски го дицплинирал Јован?

Обвинителот Цветановски му поднесе кривична на шефот Коцевски, бара одговорност

Извештајот за Цветановски бил подготвен од двајца јавни обвинители кои имале конфликт на интерес и не смееле да вршат надзор над неговата работа.

Обвинителот Цветановски му поднесе кривична на шефот Коцевски, бара одговорност

Oбвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, против кого е поведена дисциплинска постапка, во изјава тврди дека постапката иницирана од јавниот обвинител Љупчо Коцевски е неоснована и се однесува на четири предмети во кои обвиненијата биле поднесени без доволно докази за утврдување на кривична одговорност.

– Во предлогот за дисциплинската постапка нема навод за каква крупна професионална грешка станува збор, како што бараат законските одредби – вели Цветановски.

Тој додава дека постапката е поведена под изговор на дисциплински прекршок според член 91, алинеја 6 од Законот за јавно обвинителство, каде што како тешка дисциплинска повреда се смета ако јавниот обвинител намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка. Сепак, тој нагласува дека различното толкување на правото и фактите не може да биде основа за утврдување одговорност.

Цветановски посочува три клучни елементи кои ја доведуваат во прашање основаноста на постапката:

Изготвениот извештај не е правно релевантен – бидејќи е направен според Правилникот за вршење надзор, тој се смета за „плод на отровно дрво“ и не може да биде основа за утврдување дисциплинска одговорност.

Конфликт на интерес – извештајот бил подготвен од двајца јавни обвинители кои имале конфликт на интерес и не смееле да вршат надзор над неговата работа“.

Противречности во извештајот – еден од тројцата јавни обвинители во извештајот констатирал дека Цветановски постапувал непристрасно, професионално и законито, што покажува дека нема единствен став.

Најнови вести од Македонија

To top