Македонија максимална температурата до 14 степени

Облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Облачно време со врнежи од дожд

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и со постепен пораст на дневната температура. Во сабота ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела ќе биде сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица.

Најнови вести од Македонија

To top