Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 18, а максималните ќе достигнат од 23 до 29 степени.
Во Скопје ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 17, а максималните ќе достигнат до 27 степени.
Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура нема значително да се менува.