Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне 9 степени.
Како што информира УХМР, в четврток ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок.
Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.