Како што соопшти УХМР, поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 14 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер, над 80 километри на час од северен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено в сабота.