Македонија

Новоизбраниот Народен правобранител, Фатон Селами денеска ќе даде свечена изјава

Новоизбраниот Народен правобранител, Фатон Селами денеска ќе даде свечена изјава

Новоизбраниот народен правобранител, Фатон Селами, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање.

Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.

Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор, согласно Законот и процедурите на Собранието.

Најнови вести од Македонија

To top