Со новото раководство на Клиничка биохемија се воведе ново поглавје во работата на оваа јавна здравствена установа.
Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од 4 реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга.
-Еден од поголемите предизвици со кои се соочуваа пациентите на Клиничка биохемија беше сликата со гужви пред лабораторијата каде пациентите чекаа и по два часа.
Сега оваа слика е комплетно сменета. Со обновување на постојната апаратура, со оптимизација и целосна автоматизација, а предвидена е и надградба на истата во наредната година, како и тимската работа овозможуваме забрзување на приемот на пациентите.
Процесот за прием на пациенти, кој претходно беше просечно околу 2 часа, додека со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути.
Изразувам посебна благодарност до сите здравствени работници и вработените на Клиничка биохемија кои се дел од овие процеси, во интерес на пациентите, вели д-р Николина Гроздановска, директорка на УИ за клиничка биохемија.