Македонија Министерката без успеси и другарчето на Заев од јахтата заменици на Венко

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не, Филипче го враќа во високите тела и Јон Фрчкоски, кој призна дека шмркал кокаин во просториите на СДС на Бихаќка. Ете зошто толку татко му Фрчко го бранеше Филипче, мистеријата е решена. Се враќа и колерикот Ана Чупеска, која ги направи бербат и си даде оставка по изборниот дебакл. Се предомислила пустата. Тоа е „НОВИОТ“ тим на Филипче. Нов ко ланскиот снег. Ја задржува и Фани Сорос, линкот со Џорџ и синчето Александар Сорос. Понов тим, здравје, коментираат по соц мрежите и им предвидуваат „блескава“ иднина и брзо доуништување на партијата. Сомнежот, основан, е дека зад сите овие ујдурми стои кој друг ако не Зоран Заев.

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска.

Верувале или не, но во „НОВИОТ“ МУ ТИМ, Филипче го враќа во високите тела во ИЗВРШЕН ОДБОР и Јон Фрчкоски, кој сам и јавно призна дека шмркал кокаин во просториите на СДС на Бихаќка. Ете зошто толку татко му Фрчко го бранеше Филипче, мистеријата е решена.

Се враќа и колерикот Ана Чупеска, која ги направи бербат и си даде оставка по изборниот дебакл. Се предомислила пустата. Тоа е „НОВИОТ“ тим на Филипче. Нов ко ланскиот снег. Ја задржува и Фани Сорос, линкот со Џорџ и синчето Александар Сорос. Понов тим, здравје, коментираат по соц мрежите и им предвидуваат „блескава“ иднина и брзо доуништување на партијата. Сомнежот, основан, е дека зад сите овие ујдурми стои кој друг ако не Зоран Заев.

Како што најави Филипче, Јована Тренчевска и Александар Трајановски предлози на Венко Филипче за нови потпретседатели на СДСМ. Неофицијално, низ кулоарите циркулира информацијата дека Венко едноставно го сторил во скопје тоа што Заев го побарал од Дубаи.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, која му ај тера агендата за имагинарните мигранти и уште понепостоечки афери на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, со што си ја заработил и оправдал функцијата, организациски секретар ќе му биде Љупчо Фармаковски. Во раководството на СДСМ се враќа и Ана Чупевска како претседател на новиот советодавен совет, колерик и личност која кога замина ги направи бербат. таа изјави: „Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката.

Изненадување е новиот претседател на градската организација Александар Давчевски. Андреј Жерновски, Агрон Демири, Симона Цветановски остануваат во ИО додека  поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски е меѓу новите членови на ИО. Филипче ги предлага и Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски се враќа по аферата со бели линии и признанието дека конзумирал кокаин во седиштето на партијата, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски, Филип Андонов. Според најавата на Филипче Фани Каранфиловска Пановска останува заменик претседател, бидејќи нејзината оставка треба да ја констатира Конгресот.

Ова според извори на ТВ 24 од ЦО се фаворитите на Филипче, но за да станат дел од раководството треба да се и членови на ЦО, засега таму може да настане проблем, бидејќи за тие што не се, според истите извори недостасуваат слободни места за кооптирање. ТВ 24 веќе објави дека Конгресот на СДСМ ќе се одржи на 24 јануари.

Најнови вести од Македонија

To top