Македонија цук

НОВИ ДЕТАЛИ: Девојчето кое падна во дол е извлечено, со повреди на глава пренесена во струмичката болница

Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.

НОВИ ДЕТАЛИ: Девојчето кое падна во дол е извлечено, со повреди на глава пренесена во струмичката болница

Вечерва околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината 16-годишна ќерка е падната во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.

Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа.

Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемирена, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица.

Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.

Девојчето е извлечено и се наоѓа во струмичката болница, информираат од ЦУК.

Поврзани теми

To top