Македонија првиот лет на 27 октомври

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано

Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел.

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано

Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека новата линија Базел-Охрид страртува четири месеци порано.

-Продолжуваат убавите вести во авиосообраќајот. Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано. ,,Европскиот аеродром” како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора. Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври, вели Николоски.

Тој додава дека имаат интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет.

Најнови вести од Македонија

To top