Нова ера во грижата за нашитe пациенти. На 27-08-2025 година беше потпишан меморандум за долгорочната соработка помеѓу ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје и Институтот за јавно здравје, претставени од прим. д-р Ленче Нелоска и Науч.сор. д-р Марија Андоновска.
Посочија дека со комбинирање на медицинската експертиза на лекарите и нутриционистичките експерти на Институтот, заеднички ќе се работи на:
-Изготвување индивидуализирани менија согласно дијагнозата и специфичните потреби на секој пациент.
-Креирање научно-базирани препораки за исхрана што ќе го поддржат процесот на лекување.
-Подобрување на вкупниот здравствен статус преку квалитетна и балансирана нутриција.
-Оваа партнерство е чекор напред во нашата посветеност да обезбедиме сеопфатна и современа нега, каде што здравствената исхрана е клучен дел од грижата. Заедно, градиме подобро здравје за сите, порачаа потписниците на меморандумот.