Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) го продолжува трендот на дигитално надоградување и овозможување современа глобална комуникација за своите членки. Од денеска, како што информира, стартува со новата Б2Б платформа која ќе овозможи дигитално поврзување на повеќе од 10 000 македонски микро и мали компании.
-Бизнис платформата преставува дополнителен дигитален прозорец кон светот отворајќи можност и лесна достапност за пребарување, за закажување состаноци и за продолжување на контакти со потенцијалните заинтeресирани страни од земјата и од странство. Во следниот период, секоја компанија членка во деветте комори и повеќе групации при ССКМ, ќе има можност за крерање свој бизнис профил на Б2Б платформата, која е сегмент од ребрендираната интернет страница на ССКМ, каде што се овозможува презентирање на својот бизнис на исто рамниште насекаде низ светот. Со овој проект, ССКМ дополнително jа зајакнува свота улога како активен партнер на бизнис задницата, креираќи современи алатки за поврзување, за соработка и раст на компаниите, наведува Сојузот.
Според ССКМ, дигиталните решенија и ваквиот тип платформи се клучни за зголемување на конкурентноста на македонските компании, за олеснување на пристапот до нови пазари и поттикнување на меѓусебната соработка во бизнис секторот.
-Ќе продолжиме со фокусирана работа на повеќе полиња детектирани од нашите членки, за подобрување во македонскиот бизнис сектор преку зголемување на дигитализираните форми и услуги, со зајакнување на вештините кај вработените преку насочени обуки, со засилена промоција и комуникација – кон своите членки, кон бизнис заедницата во целина и кон генералната јавност. Овие активности ги спроведуваме во насока на зголемување на можностите за деловни средби и отворање нови потенцијали за македонскиот бизнис сектор, како и за активна вклученост во креирањето на државните економски политики, со силно учество на ССКМ во нивото креирање, велат од Сојузот на стопански комори.