Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Нов здравствен дом во Илинден, континуирана соработка помеѓу општините и централната власт е модел за функционална држава во корист на граѓаните

Во оваа амбуланта вложени се 16 милиони денари но заедно со придружната инфраструктура вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари, додаваат од владејачката партија.

Нов здравствен дом во Илинден, континуирана соработка помеѓу општините и централната власт е модел за функционална држава во корист на граѓаните

Цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во модернизација на здравствените установи низ државата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано инвестира средства од централниот буџет за капитални инфраструктурни објекти во општините, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта е општините да станат вистински сервис за граѓаните кои ќе испорачуваат навремени услуги.

Заложбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерни, транспарентни и финансиски стабилни општини.

Во таа насока реализирани се 94 проекти на Владата со локалната самоуправа.

По половина век општина Илинден доби нова здравствена установа, амбуланта во населено место Илинден која е во рамки на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје.

Преку соработка на Владата и локалните самоуправа се реализира проект кој е долго ветуван и неопходен за граѓаните на општината и околните населени места“, нотираат во соопштението.

Со вкупна површина од над 600 квадратни метри, објектот е изграден на две нивоа според највисоките современи стандарди. Има можности како за примарни здравствени услуги така и за специјалистички. Во оваа амбуланта вложени се 16 милиони денари но заедно со придружната инфраструктура вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку овој проект граѓаните ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

Дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период се: целосно реновиран одделот за ургентна инфектологија, и интензивната нега во Инфективната клиника.

Во Општата болница во Гостивар се реновираа неколку одделенија, како и во Клиничката болница во Тетово.

Се реновираше радиологија на Хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, интензивно се работи на клиниката КАРИЛ.

Преку соработка и на владата, општините и институциите се реализираат ветувањата со цел поквалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

To top