Македонија за директорската позиција биле пријавени 21 кандидат

Нов директор на ОТА е Марија Јаническа

Марија Јаническа е новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). На денешната 131 седница на Собранието на Република Северна Македонија беше донесена одлуката за избор на Јаническа за нов директор на ОТА. Во салата на Собранието беа присутни вкупно 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно.

Нов директор на ОТА е Марија Јаническа

Јаническа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

На огласот што беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

To top