Македонија

Николовски на предпразнична дружба со штитениците од здруженијата „Инклузива” и „Порака наша”

Николовски на предпразнична дружба со штитениците од здруженијата „Инклузива” и „Порака наша”

Нема поубаво чувство од она кога денот ти е исполнет со труд и хуманост. Во животот се водиме од пасијата да помогнеме и да споделиме среќа со другите, вели директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Тој денеска во Куманово се дружеше со дечиња штитеници во здружението „Инклузива” коешто се грижи за инклузија и развој на децата со посебни потреби, како и со штитениците на организацијата „Порака наша” којашто ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост.

-Во име на сите нас вработените во Царинската управа им подаривме новогодишни подароци. Радоста на нивните лица ни е поттик уште повеќе да се трудиме да им овозможиме на сите граѓани безгрижен и поквалитетен живот, истакнува директорот на Царина.

Најнови вести од Македонија

To top