Македонија

Николовски-Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ

Директорот на Бирото за јавна безбедност истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава.

Николовски-Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ

Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку унапредување на соработката со Бирото за јавна безбедност. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржаа состанок на којшто беше договорено двете страни да почнат да работат на нов Меморандум за соработка помеѓу двете институции како и Протокол за негово спроведување.

Преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации, се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции.

Директорот Бобан Николовски истакна дека борбата со криминалот бара менување на свеста на царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот.

„Експертизата и разузнавачките информации со коишто располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот“, вели Николовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава.

„Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал“, потенцира Јанев.

Најнови вести од Македонија

To top