Македонија

Николов: Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Лешок, се соочува со недостиг на кадар

Попладнево заедно со директорот на Институтот за Белодробни заболувања и Туберкулоза Доц.др Димитар Каркински одржавме конструктивна средба со др Верица Тофиловска, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Лешок, здравствена установа која пружа услуги на секундарно ниво на здравствена заштита, овјави на социјалната мрежа на Фејсбук доктор Игор Николов.

Поконкретно, оваа установа пружа услуги од областа на интерната медиција-пулмологија односно дијагностичките процедури кои се нудат во амбулантскиот и болничкиот дел на установата неопходни за дијагноза и следење на болните со белодробни заболувања со спирометрија, пулсна оксиметрија, Рентген на бели дробови, преглед на бели дробови со ултразвук итн. Исто така оваа устанува згрижува и лекува пациенти со белодробна туберкулоза.

За жал и оваа установа се соочува со недостиг на кадар, заради долгогодишната негрижа и неинвестирање во медицински кадар. Оваа затекната аномалија во речиси сите здравствени установи, постепено и согласно законските процедури во наредниот период ќе биде надмината во соработка со надлежните институции, пишува Николов во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top