Според него немањето системско решение и досегашната негрижа за специјалистичкиот кадар се гледа и во Кавадарци. И тука, како што вели Николов, недостасуваат специјалисти од повеќе оддели.
„Персонал нема ниту во итната медицинска помош. Во здравствените институции нема нови апарати, нема нови возила, па за „грижата” за здравството во Кавадарци говори податокот дека последното ново возило било од 2012 година, а здравствените работници дури се принудени сами да купуваат основни средства и лекови. Негрижата и заминувањето на кадарот е нотирано и во извештајот на Европската комисија за здравство каде имаме НУЛА напредок во здравството“, рече Николов.
Николов укажа дека има низа нереализирани ветувања од Програмата за живот на СДСМ.
„Нашите проценки се дека и по 7 години власт одродената влада има 80 проценти нереализирани проекти токму во здравството. Но, ние продолжуваме заедно со фелата, директно од терен и заедно со здруженијата на пациенти преку пошироки консултации да дојдеме до заеднички решенија кои ќе ги преточиме во изборната програма која ќе е победничка“, кажа Николов.
Николов посочи дека во Кавадарци каде е во посета со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе се одржи и стручна академија која е петта по ред.
„За нас е посебно важна затоа што е на иницијатива на експерти од областите примарна и превентивна медицина, а во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Се обврзуваме дека ваквиот пристап и заедничкото изнаоѓање решенија со фелата и здруженијата ќе биде и во иднина основа на креирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Николов.