Македонија

Николоски: Здравствениот систем со оваа власт е на катастрофално ниво, случајот со Онкологија заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот

Николоски: Здравствениот систем со оваа власт е на катастрофално ниво, случајот со Онкологија заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот

„Воопшто истрага не се отвори за случајот Онкологија, заврши на предистрага. Заврши на едно театрално влегување во Клиниката, одземање на материјали, и тоа е тоа, нема друго ништо. Она што се слуша во одредени кругови е дека наводно документите на омилената веледрогерија на власта одговарале со документите во Клиниката, но тоа е не е суштината, никој не е доволно наивен од тие кои што прават таков криминал да на документи направи грешки. Треба да се влезе во суштината и да се види дали тоа што требало да биде давано на пациентите е давано, на кој начин е давано, како е користено итн.“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека претседателката на Анкетната комисија за случајот со Онкологија, Рашела Мизрахи спреми еден обемен извештај кој што го презентираше на прес конференција пред јавноста и на која што јасно лоцираше одговорност. Но до денес се нема информација дека било кој од обвинителството се заинтересира да го разгледа случајот со Онкологија. И тоа јасно говори дека сакаат да се заташка работата.

„Направија како некоја предистрага и се заврши на тоа. Затоа што е јасно дека ова оди до врвот, имено на едно од сведочењата во Анкетната комисија, еден од сведоците кажал дека поранешен премиер и поранешен министер се исто така вмешани во оваа работа. И каде што ова многу сомнежи отвора, но пред се околу хуманиот аспект и околу состојбата на здравството. Состојбата на здравството во Македонија е на катастрофално ниво, никогаш не било полошо“, заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека нема човек кој што нема мака и кој што не се обратил до здравствениот систем, но вака не било никогаш. Здравствениот систем со оваа власт е на катастрофално ниво. И состојбата во здравствениот систем е поразително во Македонија.

„Најдобар доказ за тоа е што во Македонија цветаат приватни болници. А, кога цветаат приватни болници значи дека јавното здравство е слабо“, потенцираше Николоски.

„А, кога е слабо јавното здравство значи дека најголем број на граѓаните остануваат без соодветна здравствена заштита, затоа што не можат да си дозволат приватно да ги плаќаат услугите за кои што издвојуваат од своите плати преку придонесите за здравствено осигурување кое што си го плаќаат“, рече тој.

Николоски укажа дека комплексна е состојбата во здравството, лоша, катастрофална. Но исто така Николоски рече дека по изборите идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подобри здравствениот систем во Република Македонија преку соодветни мерки.

To top