Македонија нова инфраструктура и брз развој на туризмот

Николоски: Воведовме 21 нова дестинација од аеродромите, забележавме рекордни 3,5 милиони патници

Аеродромите во Македонија ги поврзавме со 21 нова дестинација, скопскиот аеродром надмина 3 милиони патници годинава, што е рекорд во историјата на државата и ќе биде аеродром со најголем раст идната година, истакна во интервју за ТВ Алфа, вицепремиерот Николоски, кој како нареден предизвик околу растот на туризмот го потенцираше недостатокот на сместувачки капацитети.

-Нашиот најголем туристички центар, во моментов може да понуди не повеќе од 5.000 легла, што е далеку од она што сакаме да го видиме. Сакаме да дадеме олеснување во делот на изградба на хотели и се надевам дека тоа јавноста ќе го прифати, затоа што ние не можеме да очекуваме развој на туризам без никаква понуда, особено ако се знае дека голем дел од хотелите во Македонија се градени до 80-тите години, дел од нив напуштени, дел затворени, истакна вицепремиерот Николоски.

Зборувајќи за придобивките од новите авиолинии кон македонските аеродроми, Николоски истакна дека финансиската придобивка на државата е голема ако се има предвид дека бројот на патници достигна 3,5 милиони, најавувајќи реконструкција на охридскиот аеродром во 2026 година.

-Охридскиот аеродром не е чепнат откако е изграден во седумдесетитет години, кој до скоро време беше и дивоградба, немаше документација. Со тимот во министерството успеавме да го впишиме и легализираме, како би можеле сега да го доградуваме и реконструираме. Аеродромот ќе добие комплетно нов лик, што ќе значи повеќе патници, истакна вицепремиерот Николоски.

Покрај за охридскиот, тој најави новитети и за скопскиот аеродром, а со цел поголемо поврзување и осовременување на условите.

-Добро е да се изгради хотел околку скопскиот аеродром, за оние кои што пократко доаѓаат, и во проектот за брзата пруга предивдено е поврзување на новата железничка во Скопје со аеродромот, нешто што можеме да го видиме во големите европски аеродомри што дополнително ќе донесе патници и ќе помогне за протокот на патници, рече Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top