Македонија изјава

Николоски во Тoп Тема: Aвтопатот Скопје-Блаце е целосно промашен проект

Според него, главен проблем е што трипати е менуван проектот за трасата и ова е трета траса по која се работи.

Николоски во Тoп Тема: Aвтопатот Скопје-Блаце е целосно промашен проект

„Утрово кога одев со колеги им објаснував за какво промашување на проектот автопатот Скопје-Блаце се работи. Целосно промашување на проект. Тоа е проект кој започнува и завршува никаде. Затоа што идејата била да почне од границата, но вие кога ќе видите, во суштина тоа што треба да биде автопат од македонска страна не се спојува со автопатот на косовска страна“, откри вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во емисијата ТопТема на телевизија Телма.

Според него, главен проблем е што трипати е менуван проектот за трасата и ова е трета траса по која се работи.

„Тој оди источно од постојниот граничен премин и автопат од косовска страна. Тоа е првиот проблем, а вториот е што тие два километри завршуваат во еден дол од 50 метри, и тоа е крајот на тие два километри, и не поврзува ништо со ништо. Главниот проблем е што трипати е менуван проектот за трасата. Ова е трета траса по која се работи. Јас извадив во јавноста, документи кои ги има издадено техничката асистенција за изградба на овој автопат, бидејќи тука се користат пари од Европската Банка. Техничка асистенција е СУЕС, фирма која го изградила Суетцскиот канал. Многу јасно пишува дека заради промената на трасата се случуваат два проблеми“ изјави Николоски.

Според него, првиот проблем е тоа што „вредноста на договорот потенцијално расте од 200 милиони на 240 милиони евра со можност да оди уште 20 проценти нагоре, накај 290 до 300 милиони евра, што е далеку од тоа што е проектиран буџет“.

– Првиот дека што вредноста на договорот потенцијално расте од 2 милиони на 240 милиони евра со можност да оди уште 20 проценти нагоре, накај 290 до 300 милиони евра. Што е далеку од тоа што е проектиран буџет. И второ во однос на тунелите, истите не се проектирани согласно европските стандарди, и истите не можат да се изведат на начин на којшто биле проектирани. И сега јас имав избор да влезам во проект и година две да изгледам фино затоа што ќе велев нели еве почна да се работи, и после година две да имавме Охрид-Кичево, или пак имав избор да ги земам работите како што јас мислев дека е правилно од почеток, да се решат проблемите па потоа да одиме со изградба на оваа делница.

Тука не сакам и да зборувам за потенцијалниот криминал за промена на земјиште кое го презентиравме на пратеничко прашање во собранието, а тоа мислам и дека зажалија од ДУИ што го поставија тоа прашање. Состојбата е таква каква што е“, објасни Николоски.

„И да кажам една работа која не е позната во јавноста. Прв пат ја кажувам во јавноста. Ме информираа од компанијата Бехтел и Енка, не целиот конзорциум туку само компанијата дека кога го граделе автопатот од косовската страна и стигнале практично до граница, и понудиле на македонската Влада, во тој момент за жал Владата немала доволно средства да го изградат автопатот, односно да продолжат да градат од границата кон Скопје, тогашната цена којашто ја понудиле била 100 милиони евра. Да ставиме еве дека имаше многу сериозна инфлација во тој период. Доаѓаме до вредност од 100 до 150 милиони евра колку што е проектирано од страна на Европската банка за обнова и развој, но од 170 на 300 верувајте никој не е наивен. Денеска кога му го кажав ова на премиерот на Косово тој се шокираше“ рече Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top