Македонија

Николоски во посета на Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Николоски во посета на Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Фокус на средбите беа економските и политички односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската подршка од Унгарија и зголемување на трговската соработка.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше економските реформи на Владата за обезбедување на забрзан економски раст како и борбата против корупцијата. Во своето обраќање, тој ги претстави приоритетите на Владата за развој на домашната економија, реализацијата на капиталните проекти кои се од исклучитечно значење за регионалниот развој и поврзаност како и политиките за привлекувањето на странски инвестиции.

На средбите се разговараше и за развој на транспортниот и енергетски сектор како и проектите од регионално значење што ќе го доближат регионот на Западен Балкан до Европската Унија.

МТ

Николоски ја изрази силната подготвеност на Владата за реализација и развој на еропските коридори како стартешки за раст на националните економии во земјите од регионот.

На средбите исто така беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, притоа заменик претседателот Николоски потенцира дека Унгарија е силен подржувач на Македонија во остварување на своите стратешки цели на патот на евроинтеграциите.

МТ

-Имав одлични средби со моите колеги Балаш Орбан кој е голем пријател на Македонија и Мартон Наѓ, министерот за национална економија. Уште еднаш ги потврдивме одличните односи помеѓу двете Влади а исто така и меѓу двата народи. Разговараме за приоритетите во делот на економските процеси и евроинтеграциите и сметам дека подршката што ни ја овозможува Унгарија е огромна во нашиот развој. Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите, а Македонија да станува посилна и влијателна. Наша задача е да продолжиме да ги надградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да докажеме дека придобивките од ова партнерство ги чувствуваат сите наши граѓани, истакна по денешните средби вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top