Драго ми е што денес присуствуваме на еден значаен инфраструктурен проект за Општина Карпош и би сакал лично да се заблагодарам на градоначалникот, бидејќи ова беше заглавен проект, ова беше проект кој без разлика што имавме обезбедено средства не можевме да го реализираме и откако Сотир беше избран за градоначалник заедно со службите во општината успеаа да ги решат сите предизвици кои што постоеа на овој проект, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.
Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој што оди преку светската банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата „Петар Чаулев“, целосна реконструкција околу 600 метри, што дополнително ќе придонесе за урбаниот развој на општината, а на тоа се уште 12-тина проекти кои што одат преку вториот повик на владата, а се многу значајни проекти за Општина Карпош, истакна Николоски.