Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе постигне убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе постигне убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила

Бројките се одлични. Анкетите како доаѓаат секоја е подобра од претходната. Веќе на недела, две, три можете да ја видите разликата и ако продолжи овој бран, а мислам дека ќе продолжи, ќе имаме убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила на избори и ако на пример до пред некоја недела бројките беа 53, 54, 55 пратеници, сега можам да кажам дека се 55-56 пратеници, а ништо чудно да одат и нагоре, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата “Клик Плус“ на ТВ 21.

Тој исто така додаде дека главната заложба на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде самостојно да формира влада за да не зависи од никого и да направи суштински промени во Македонија.

„За да направиме суштински промени во Македонија, ние мораме целосната постава на влада да смениме. Ниеден од овие два клучни партнери во владата не смее да е дел од следната влада. Инаку нема промени, да не се лажеме. Такашто и СДСМ и ДУИ треба да одат во опозиција ако сакаме промени, потенцираше Николоски.

Тој исто така упати апел до граѓаните масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само така работите можат да се менуваат на подобро.

Затоа е замолницата до граѓаните, масовно да излезат на избори и доколку сметаат дека македонија оди во лоша насока и во лош правец и дека животот е лош, да не подржат нас како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да ги менуваме работите во Македонија.

To top