Македонија на 8 мај

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори

Николоски истакна дека ќе остане оваа влада на СДС и ДУИ како една од најбезличните влади кои Македонија ги имала и влада која убедливо е најкорумпирана и која најмногу ги погази националните интереси.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори

Ковачевски нема да е сигурно премиер после 8-ми мај, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на парламентарните и претседателски избори и Христијан Мицкоски ќе биде премиер после 8-ми мај и таа работа е јасна. Во однос на оставката на Ковачевски, ова е оставка која требаше да се случи многу порано, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „За или против“ на Алфа телевизија.

Николоски истакна дека ќе остане оваа влада на СДС и ДУИ како една од најбезличните влади кои Македонија ги имала и влада која убедливо е најкорумпирана и која најмногу ги погази националните интереси.

– Да не заборавиме ова е владата која го прифати бугарскиот диктат и прифати дека македонскиот народ е дрво без корен, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и тоа е официјална Резолуција испратена од страна на Бугарија испратена во ЕУ согласно истиот предлог кој го прифати Ковачевски. Прифатија дека македонскиот народ нема историја пред Втората светска војна, нема своја културна засебност и дека македонската држава е вештачка творба. Вакво национално предавство никој претходно немал, а нема ни да има во иднина, потенцираше Николоски.

Николоски додаде дека јасно е дека СДС и ДУИ знаат дека ги губат изборите, но ова раководство на СДС направи да се понижи македонскиот народ и да се чувствува како гостин во сопствена држава.

– Суштински е дека ова раководство на СДС дозволи да целосно се избрише волјата на македонскиот народ и политичка партија со само 10% од пратениците во Собранието, а тоа е ДУИ да добие премиер и на тој начин да си го реализира концептот за прв премиер Албанец, така што дотаму стигнаа што покрај газењето на националните интереси, дозволи да се случува еден терор врз македонскиот народ како мнозински во Македонија, односно македонскиот народ да се чувствува како гостин во сопствената држава, изјави Николоски.

Тој посочи дека многу Македонци ги дале своите животи за оваа држава, за да доведиме во ситуација заради некој ден повеќе на власт и криминал и корупција, закони за игри на среќа, тендери во РЕК Битола и слични коруптивни активности да се дозволи македонскиот народ да е газен и тероризиран.

– Тоа е најголемото зло кое ова раководство на СДС и го нанесе на Македонија и ќе треба многу време и енергија да го бришеме, рече Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top