Македонија

Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен

„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.

Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен

За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија Еспресо што се емитува на радио Лидер.

„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.

Николоски се осврна на тендерот од вчерашната прес конференција.

„Овој тендер оди на една компанија, тоа е омилената компанија на власта за крадење наречена Марковски компани, не е таа со некоја 200 годишна традиција, туку е човек фирма. Она што го презентирав вчера е тендер од фантастични 46 милиони евра само за ископ на јаглен. Ако едно средно училиште и негова градба во просек чини околу милион до милион и половина илјади евра зависи од големината, ова е некаде 40 средни училишта или од вкупно деведесетина или скоро половина може да се изградат“, кажа Николоски.

Николоски се осврна на фактот дека оваа компанија е на Борче Марковски кој е почесен конзул во Белорусија, информирајќи дека понудата е за 30 проценти повисока од следната понуда или понудата која била пониска.
„Цената на Марковски компани оди 129,7 денари а следната најниска 100 денари. Оваа одлука е донесена три дена пред Нова година,“ вели Николоски кој додава како е возможно по Нова година Владата да ја укинува одлуката.
Оттука тој праша, дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен.

Николоски укажа дека ова е една од ретките негови прес конференции по која никој не се огласи, немаше ниту демант од Влада, Електрани, РЕК, СДСМ, ниту од било кое споменат.

„Имаше само громогласна тишина и што знам е дека претставници на власта се јавувале кај ваши колеги уредници и сопственици на медиуми мојата прес конференција да не се емитува или да се емитува во подолниот дел“, изјави Николоски додавајќи дека очигледно не им е по ќеиф информацијата.

Николоски посочи дека на договорот на овој тендер има 5 потписи од страна на РЕК Битола директорот, Пеце Матевски, и оти се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Претседателот праша и зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа минатиот петок решиле да го потпишат, која е причина зошто навечер биле разрешени и сабајле пак именувани, претседателот Христијан Мицкоски од Кавадарци рече дека ќе има ваква работа и дека ќе има одговорност.

Николоски посочи дека причината зошто Македонија нема средства за инвестиции е бруталниот криминал.

To top