Македонија нов скандал

Николоски: Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта Марковски ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Додека оваа влада креира мерки за поткуп со кој го потценува народот со 500 или 1000 денари, јавноста мора да знае дека милионите течат во приватни џебови од државни тендери, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски: Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта Марковски ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Додека оваа влада креира мерки за поткуп со кој го потценува народот со 500 или 1000 денари, јавноста мора да знае дека милионите течат во приватни џебови од државни тендери, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

ВМРО ДПМНЕ

-Власта на СДС и ДУИ на заминување се утепа од крадење во последните денови од власт и нормално местото за крадење и „златната кокошка“ за крадење е РЕК Битола и Електрани на Македонија со омилената компанија на власта Марковски Компани од Битола која што ги добива сите возможни тендери во РЕК Битола. Денес ќе презентирам фрапантен случај како броилото на власта врти додека народот осиромашува. Пред вас презентирам договор кој во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од Марковски Компани кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола во период од 18 месеци по замислете неверојатни 16.253 денари по час. Повторувам 16.253 денари по час или вкупната вредност на оваа рамковна спогодба е 9 милиони и 200 илјади евра кои Марковски Компани треба да ги добие за ангажирање на само 10 булдожери гасеничари во рамките на РЕК Битола. Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра, истакна Николоски.

Отворено се поставуваат неколку прашања:

Колку нови булдожери може да се купат со договор од 9.2 милиони евра и тие да бидат во сопственост на државата, а не на омилената приватна компанија?

Дали можеби можат да се купат 15 или 20 булдожери кои ќе бидат во сопственост на државата, а не во сопственост на Марковски Компани?

Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно? Ова го нема никаде!

Кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени? Праша Николоски.

ВМРО ДПМНЕ

Понатака, за народот антикризните мерки кои владата ги дава се во вредност од 500 или 1000 денари, а за своите од Марковски Компани се 16.253 денари. Ова е тежок скандал, порача Николоски.

-Прашувам кој е интересот на власта од овој договор? Кои се скриените коруптивни намери во овој договор и кои се првенците од власта од СДС и ДУИ кои имаат дебела корист од овој договор? Дали е вистина или не, дека врвот на СДС директно ги договара тендерите во РЕК Битола? Праша тој.

Ваков договор треба да е предмет на опсервација и на проверка од обвинителството и сите надлежни институции и да најавам ако тоа не го направат во следните 4 до 5 месеци, ќе го направиме ние после промената на власта затоа што мора да има одговорност за кражбата на народните пари, додава Николоски.

To top