Вицепремиерот и министерт за транспорт Александар Николоски објави дека ќе се инвестираат 21 милион евра за набававка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот.
-Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири кои се понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, напиша Николоски на Фејсбук откако денес потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра наменет за модернизација на ЖРСМ Транспорт.
Според него, ова е особено важно за Коридорот 10 кој треба да бележи раст во наредните години, како и за Коридорот 8 што моментно Македонија интензивно го развива преку значајни инвестиции во железничката инфраструктура.

-Истовремено, оваа инвестиција е дел и од пошироката визија за Скопје – подобрување на квалитетот на воздухот преку воведување на градскиот воз. Во моментов се работи на една од трите линии во делот на инфраструктурата, а во следните две години ќе се работи и на преостанатите две. Кога целиот проект ќе биде завршен, по тие линии ќе сообраќаат исклучиво електрични возови, со јасна цел – целосно да се елиминира употребата на дизел локомотиви и дизел возови во главниот град и да се придонесе за подобар квалитет на воздухот. На крај, би сакала да се заблагодарам уште еднаш. Сега влегуваме во потешкиот, но клучен дел – успешно спроведување на набавката. Се надевам дека до март, во соработка со ЕБРД, ќе успееме да го објавиме повикот и потоа успешно да ја реализираме испораката на новите локомотиви, нагласи Николоски.
Денешното потпишување на Договорот, оцени, е можност за заокружување на еден исклучително важен процес што ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови.

Николоски додаде дека ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт.