Македонија Министерство за транспорт

Николоски: Со нов Закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево-Охрид, очекувам напролет да се вози по одредени делници од автопатот

Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.

Николоски: Со нов Закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево-Охрид, очекувам напролет да се вози по одредени делници од автопатот

Владата донесе нов Закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево – Охрид, кој што се надевам дека следната недела ќе го усвои македонското собрание и со тој Закон ќе биде решен еден од основните проблеми за реализција на автопатот Охрид – Кичево, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.

-Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe прилагодување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 км од местото каде што е произведен што значи дека мора да се користи локална оператива и се прилагодуваме на геологијата односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт. Со гласање на овој Закон веднаш започнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен веќе следната пролет да имаме делови од автопатот кои што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот до крај на 2026 година да имаме конечно завршен автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Министерот истакана и дека се решаваат наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на траса како и со свлечиштата.

Најнови вести од Македонија

To top