Македонија „Тоа е и огромна чест и огромна привилегија“

Николоски реизбран за потпретседател на групата на ЕНП во Советот на Европа: Ќе продолжам да се залагам за интересите на Македонија

-Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, рече тој.

Николоски реизбран за потпретседател на групата на ЕНП во Советот на Европа: Ќе продолжам да се залагам за интересите на Македонија

Во Стразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа. Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во следните две години да бидам потпретседател на Европската Народна Партија во Советот на Европа,  вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е и огромна чест и огромна привилегија, имајќи предвид дека се работи за најголемото политичко семејство во Европа, кое што има пратеници и во Советот на Европа и во Европскиот Парламент, најголем дел од претседателите и премиерите на замјите членки на Европската Унија доаѓаат токму од Европската Народна Партија. Исто така и претседателката ка Европската Комисија доаѓа од Европската Народна Партија.

Ова е, исто така, и една потврда и поддршка и за Македонија како и за мојата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ која што е член на Евопската Народна Партија. Во следните две години ќе продолжам да се залагам за заштита на човековите права, на малцинските и на јазичните права на сите оние на кои што им се загрозени, особено на Македонците кои што живеат во Бугарија, во Грција и во Албанија кои што немаат признати малцински јазични права“ – посочи тој.

Николоски истакна дека ќе продолжи да се залага за интересите на Македонија и ќе се обиде оваа позиција да ја искористи најдобро можно.

-Она што претставува дополнителна привилегија и чест е што, покрај мене, избрани се уште пет други политичари на оваа позиција како потпретседатели на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, рече тој.

To top