Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи во Охрид и охридското крајбрежје, истакна вицепремиерот Александар Николоски на настанот каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски го означија проектот за реконструкција и надградба на охридскиот аеродром.
Проеките што се работат околу аеродромот, вели вицепремиерот Николоски, ќе го подигнат капацитетот и квалитетот на услугите за сите патници. Само за првите два месеци од годината на охридскиот аеродром има зголемување од 20 % на патници во однос на минатата година, односно за 30 % раст на скопскиот аеродром.
„Покрај директните инвестиции на аеродрoмот, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат. Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации воведовме 24 нови дестинации. За мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции” – истакна вицепремиерот Александар Николоски.