Македонија

Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството

Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање од Прилеп во однос на состојбата во здравството и случувањата во Битолската и Прилепската болница истакна дека состојбата во здравството е катастрофална, постои криминал и незаинтересираност поради што пропаѓаат болниците но ВМРО-ДПМНЕ планира сериозна реформа во здравството, прво крај на криминалот и корупцијата и втор чекор регионализација и стимулирање на здравствените работници.

„Во однос на состојбата со здравството таа е катастрофална, гледам дека еден поранешен министер за здравство почна јако да се рекламира последните денови веројатно мисли дека граѓаните заборавија што се случуваше во неговиот мандат, кога Македонија за жал уриваше црни рекорди по смртност во делот на пандемијата со корона и кога освен гол пи ар не се правеше ништо друго гледам дека со исти гол пи-ар се продолжува и сега, наместо да се лечат пациенти и да се спасуваат животи со камери им се влегува на операција што е дно, нема збор да се употреби и една работа која што е прашање на етика и морал. Така што во такви услови состојбата во здравството е катастрофална поделена е на личен пи ар на огромен криминал и на незаинтересираност и затоа пропаѓаат и Битолската и Прилепската болница. Не е тука прашањето дали некој е виновен во Битолската или во Прилепската болница, во двете болници нема соодветни услови за да можат соодветно луѓето да се лечат во Пелагонискиот регион иако тука планираме една сериозна реформа која што почнува со првиот и едноставен чекор а тоа е да запре криминалот и корупцијата во здравството, второ е веќе да се оди кон регионализација и јасно утврдување на тоа што е потребно за секој регион за да има квалитетна здравствена заштита и секако стимулирање на здравствените работници затоа што сметаме дека е основно да се подобрат условите на здравствените работници како би можело да даваат подобри услуги на граѓаните“, нагласи Николоски.

To top