Македонија силен развој во авиосообраќајот

Николоски: Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам, работиме и на поврзување со прекуокеански летови

Николоски: Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам, работиме и на поврзување со прекуокеански летови

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

“Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.

Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

To top