Основата на нашата порака е дека нас ни е потребна масовна референдумска излезност на изборите на осми мај со цел она што го ветуваме да го реализираме, со цел во Македонија да воведеме функционална правна држава, да се исчисти криминалот и корупцијата, ДУИ да оди во опозиција и Македонија економски да се развива, ова денеска од мини митингот во Прилеп го истакна Александар Николоски, носител во изборната единица четири.
„ За да може да се менува државата, потребно е двата клучни партнери во собранието да одат во опозиција. Не може да се менува државата со старите партнери, не може да се менува државата со истите кадри, потребна е промена, а за таа промена шансата ја бараме од вас и сите што ги познавате да поразговарате и она што го очекуваме е масовна референдумска излезност на осми мај. Планираме многу убави работи и за Прилеп и целиот пелагониски регион“, вели Николоски.
Тој додава дека планираат сериозни инвестициски проекти за Прилеп и општината ќе добива пари секоја година од владата за реализирање на сите проекти.
„Планираме сериозни инфраструктурни поврзувања на градот и целиот пелагониски регион“, вели Николоски.
Целото негово обраќање слушнете го во продолжение: