Вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски беше во општина Кисела Вода, каде со кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски одржаа прес-конференција
Николоски истакна дека Ѓорѓиевски во изминатите четири година има реализирано огромни работи во Кисела Вода.
-Се сеќавам дека кампањата кога беше избран Орце Горѓиевски ја почнавме токму од овој плоштад и навистина после четири години општината е целосно променета. Од една општина која заостануваше со развој, сега можеби е најмодерна и најурбана општина во цело Скопје, што само говори што Орце направи во изминатите четири години. Убеден сум дека истото ќе се случи на територијата на Скопје, а истото мислам дека и новата градоначалничка ќе продолжи со уште позасилено темпо. Во однос на улица „Есенинова“, мислам дека е добро да ги потсетиме сите дека оваа улица се пробиваше и оваа улица значи поврзување помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, две општини кои граничат а кои немаа никакво поврзување, што многу говори за тоа колку лошо се планирало иако само на другата страна веќе е Општината Аеродром. Сега планираме продолжување на оваа улица, која треба да оди до „Шампионче“ и тука ќе најавам тоа ќе е едно од првите поддршки кои Владата преку Министерството за транспорт ќе ги даде на Градот Скопје, затоа што ова ќе биде градски проект, рече Николоски.
Прес-конференција на кандидатот за градоначалник за Град Скопје Орце Ѓорѓиевски
Posted by Kurir on Tuesday, September 30, 2025