Македонија мора да одат во опозиција за да има промени во Македонија

Николоски: Од 5 главни функции во државата 4 се од ДУИ и работат во корист на партијата, СДС им дозволува затоа што се потонати во криминал- двете партии мора да заминат

– Видете како изгледа реалноста во моментов, Талат Џафери е премиер, Стево Пендаровски е претседател, Бујар Османи е министер за надворешни работи, Фатмир Бесими е министер за финансии, Крешник Бектеши е министер за економија. Од првите 5 позиции, 4 се на ДУИ и тие не ги користат во корист на Македонија и македонскиот народ, ниту на албанскиот народ, туку во корист на ДУИ и добро знаат што прават, но за сопствената политичка структура, изјави Николоски.

Николоски: Од 5 главни функции во државата 4 се од ДУИ и работат во корист на партијата, СДС им дозволува затоа што се потонати во криминал- двете партии мора да заминат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „360 степени“ на МРТ истакна дека ДУИ со 10% од вкупниот број пратеници ја владее државата, од првите 5 функции, 4 се на ДУИ и тие работат во корист на партијата, а не на државата, а СДС тоа им го дозволува затоа што се потонати во криминал и затоа двете партии мора да одат во опозиција за да има промени во Македонија.

– Видете како изгледа реалноста во моментов, Талат Џафери е премиер, Стево Пендаровски е претседател, Бујар Османи е министер за надворешни работи, Фатмир Бесими е министер за финансии, Крешник Бектеши е министер за економија. Од првите 5 позиции, 4 се на ДУИ и тие не ги користат во корист на Македонија и македонскиот народ, ниту на албанскиот народ, туку во корист на ДУИ и добро знаат што прават, но за сопствената политичка структура, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека СДС се потонати во криминал и им дозволуваат на ДУИ да ја уништуваат државата и тоа уништување на државата може да се види во секое поле.

– Нема поле каде Македонија не тоне и каде нема уцена кон функционерите на државата. Неприродно е да политичка партија која има 12 пратеници односно 10% од вкупниот број, да владее со државата затоа што Али Ахмети е апсолутен газда на државата во моментов и тоа мора да го смениме, нагласи Николоски.
Николоски истакна дека ако сакаме да направиме промена, таа промена мора да е на начин на кој двете политички главни структури во оваа влада и СДС и ДУИ ќе одат во опозиција, во спротивно не може да има промени.
Затоа нашата цел е да освоиме најголем можен број пратеници со цел да имаме влада без ДУИ, за да може да се направи целосна реформа на Македонија, да ги поправаме работите кои се згрешија изминатиот период и секако тие кои треба да одговараат, да одговараат, изјави Николоски.

To top