Македонија

Николоски на Струмичкиот карневал

Николоски на Струмичкиот карневал

„Холандија на дланка“, но и цел стар и нов свет дојде вечерва на Интернационалното карневалско дефиле во Струмица. Откако кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“ почна да тече реката од карневали составена од 48 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од 3 часови дефилираа низ улиците на градот.

Карневалот од лице место вечерва го проследи и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4, Александар Николоски.

-Вечерва во Струмица на Струмичкиот карневал. Интересни маски, многу убава енергија, напиша Николоски на Фејсбук.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

To top