Македонија при посетата во Тринген

Николоски: Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета

Николоски: Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета

Многу работи се случуваат, знам дека вие пратите одите во своите родни места се среќавате со пријателите ние се среќаваме со вас и кога ќе дојдете во Македонија она што практично е ваша грижа овде е грижа и наша во Македонија. Ако треба во една реченица да се опише што се случува во Македонија, тоа е дека Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета, тоа е наједноставната дефиниција што во моментов и се случува на Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета во Тринген Швајцарија.

Тој додаде и додаде дека изминативе 6-7 години покажале дека не треба многу време за нешто да се уништи.

„,СДС и ДУИ овие 6-7 години покажаа дека не треба многу време за да се уништи нешто што генерации го создавале, овие 6-7 години покажаа дека пеколна борба може да се уништи за 6-7 години доколку нема јасно национално единство и доколку нема политичка структура која има јасно национално чувство, кажа Николоски.

To top