Македонија средба

Николоски- Јанев: Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада, ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите!, додава Николоски.

Николоски- Јанев: Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада, ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!

ПОЧНУВАМЕ СО ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ! ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!, пишува министерот за транспорт, Александар Николоски на Фејсбук.

-Денес во Министерството за транспорт се сретнав со Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и дел од неговиот тим кои работат предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта. Овие индиции произлегоа од извештајот за капитални инвестиции на државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите!, додава Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top