Македонија 14 големи проекти за почеток на новата локална самоуправа во Струмица

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

Вицепремиерот нагласи дека по завршувањето на локалните избори во интензивна соработка со градоначалникот и новата општинска администрација на Општина Струмица веќе бројни работи се придвижуваат и се реализираат проекти.

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица.

Вицепремиерот нагласи дека ппо завршувањето на локалните избори во интензивна соработка со градоначалникот и новата општинска администрација на Општина Струмица веќе бројни работи се придвижуваат и се реализираат проекти.

-Најголем проект е спојувањето на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој треба да оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и границата со Бугарија. Веќе проектот за една траса ЈПДП го заврши, а за втората е во напредна фаза и веќе сериозно работиме на изнаоѓање на финансирање. Она што беше најголемо ветување веќе сериозно го работиме, нагласи Николоски.

Тој додаде дека се работи и две поголеми улици во рамки на Општина Струмица, а за 10 улици има постапка во моментов за избор на изведувач.

-Има уште два проекти кои се преку Министерството за животна средина, вкупно 14 големи проекти за почеток на оваа локална самоуправа, нагласи Николоски.

 

 

Најнови вести од Македонија

To top